Description
Романот „Црвената соба“ (1879) е именуван според ресторанот во кој Стриндберг често се среќавал со своите пријатели новинари и уметници. Главниот лик е Арвид Фалк. Барајќи работа во Стокхолм, среќава алчни прекупци, мрзливи аристократски жени, лицемерни свештеници, недоделкани парламентарни пратеници и цинични издавачи.
Најдобро се чувствува надвор од градот заедно со другарите во „Црвената соба“, кои се исто така во постојана беспарица.